Соопштувањето дека годинешни добитници на највисоката награда на Општина Кочани „За животно дело“ и се доделува на ВИС „Тенеси“ од Кочани предизвика вистински делириум од воодушевување кај присутните во салата на „Мултикултурниот Центар“ во „градот на оризот“.

Одлично сработената филмска сторија што се емитуваше на екранот ги врати спомените кај голем број кочанчани кои живееја, растеа и се забавуваа со музиката на оваа Кочанска група која „жареше и палеше“ во шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години.

Кочанските шмеќари како што често ги нарекував знаеја да им возвратат на сите оние кои со аплауз го дочекаа прогласувањето.

Како во старите добри времиња, се качија на подиумот и со изведба на музичките нумери „Обриши сузе драга“ од Боба Стефановиќ и „Једне ночи у децембру“ од Кемал Монтено направија вистински русвај.

Многумина со воздишки заедно со нив пееја а имаше и по некоја солза бидејќи „Тенеси“ знаеја како да не вратат во минатото. Својот настап го завршија со музичката нумера „Шу би, ду би, да“ по која сите присутни во салата станаа од своите места и со долготраен аплауз им се заблагодарија за сето она што како музичари го направија за градот, а направија многу и останаа како предводници на големиот број музички групи што по нив се појавија во Кочани.

Честитки од нашиот портал и едно големо БЛАГОДАРАМ  што беа дел од нашата убава младост, од нашата реалност.

С. Ивановски

T-22T-27

DSCN1150

DSCN1161

DSCN1186

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари