В сабота, 14 јули, со почеток од 21 ч., на платото во Трговскиот центар во Кочани, ќе се одржи забава по повод поканата на Република Македонија за членство во НАТО.

Во граѓанската прослава што ја организира Владата на Република Македонија под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ“ ќе настапат неколку музички групи: Баклава со специјалниот гостин Кинг Неат Велиов, Лепи Џони и Conquering Lion.

Кочани е еден од петнаесетте градови во државава каде се организира граѓанска прослава, за која се ангажирани 40 уметници и уметнички состави.

Општина Кочани

Zabava. TRgovski 2

Zabava Trgovski1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари