Деновиве, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев потпиша решенија со кои именува двајца нови директори – на Детската градинка „Павлина Велјанова“ и на ОУ „Малина Попиванова“.

По повеќе разговори со вработените, со цел да се изнајде најсоодветно решение и да се испочитува законската процедура, Едита Миткова, како единствен вработен што ги исполнува условите, е именувана за вршител на должноста директор на Детската градинка „Павлина Велјанова“. На оваа раководна позиција Миткова доаѓа по оставката на директорката Лидија Серафимова, а ќе ја извршува најмногу шест месеци, период по кој ќе биде распишан конкурс за избор на директор, а на кој ќе може да се пријави секој заинтересирани кандидат што ги исполнува условите. Илијев оценува дека е особено важно да се изврши правилен избор на директор на кочанската градинка, затоа што во наредниот период ќе се реализира изградба на нов објект, пилот-проект на градинка по европски стандарди.

По истекот на рокот за вршител на должноста директор во ОУ „Малина Попиванова“, Училишниот одбор за директор го избра Благој Петров. Одлуката на Одборот да биде избран единствениот пријавен кандидат на конкурсот ја прифати градоначалникот

Николчо Илијев, по добиената согласност од Министерството за финансии и Министерството за образование. Петров ќе биде директор наредните четири години, со обврска да обнови дел од потребната документација, чија важност истекува до крајот на август.

Општина Кочани

DSCN8452

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари