По десетдневни интересни и неизвесни натпревари, вечерва на заградените терени кај ОУ „Св. Кирил и Методиј“ заврши 18-тото издание на „Петровденскиот турнир во мал фудбал“.

Годинешен победник е екипата на „Деликатес“ која во мошне изедначен и неизвесен натпревар пред околу илјада гледачи, во финалето ја совлада екипата на „Филип Интернационал“ на пенали со 5:4 откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1 (1:0). На победникот на турнирот му припадна пехар и фудбалска топка, како и ваучер од 60.000,00 денари а на второпласираната екипа пехар и фудбалска топка и ваучер од 30:000,00 денари.

Увертира на големото финале беше натпреварот за третото место  во кое „Уни Паб“ славеше над „Клариса Балкан“ 4:1 (2:0) и освен пехар и фудбалска топка од организаторот доби и ваучер во висина од 15.000,00 денари.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Дарко Ранготов (Деликатес), а  за најдобар голман Никола Јовановски (Уни Паб). Благодарници им беа дводелни и на Судискиот актив при ОФС – Кочани и Делегатите на турнирот Ивица Цимбаљевиќ и Мијалче Апостолов.

На годинешниот турнир кој за затворен го прогласи Николчо Илијев – Градоначалник на Општина Кочани, учествуваа 22 екипи а одличен организатор беше Општина Кочани.

С. Ивановски

DSCN1316

DSCN1276

DSCN1258

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари