Со финансиска подршка од Советот и градоначалникот на општина Виница, од печат излезе првото дело на 86 годишниот наставник во пензија Ангел С. Богатиновски. Книгата чија промоција беше вчера, е насловена „Архаизми од виничко-оризарскиот регион“, и во неа се сместени над 1.000 зборови од овој крај , а промоторот Силвана Јаневска оваа книга ја нарече “Идиотикон“-речник на едно наречје, т.е дијалектизам.

“Динамичните промени во социолошкото живеење се повеќе ги потиснуваат дијалектните форми, а уште повеќе архаизмите, кои се од искучително значење за еден регион. Мојот родител, Ангел Богатиновски, над 50 години наназад ги запишува архаизмите во говорот на територијата на Оризари и Виница, и тој долготраен процес бара посветеност и истрајност во работата“, рече промоторот Силвана Јаневска,
Градоначалникот Ивица Димитров му врачи Благодарница на Богатиновски за особени заслуги во областа на образованието и културата, а за творештвото на Ангел, кое сеуште е само во пишувана форма зборуваше и наставникот Тодор Димитров.

Книгата чии издавач е општина Виница е испечатена во тираж од 500 примероци.

Општина Виница

44

37051308_10157526549086729_2521200048188948480_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари