Секој настан си има своја целна група, но сепак цело е кога има се, кога сите заедно се обединуваме кон иста цел. Синоќа збирното место на Виничани им беше плоштадот “Ангел Винички“ кој богами одамна се немаше наполнето вака, убаво за очи, но и приемливо за уши.

Музиката е таа која зближува, а овојпат изборот со етно групата „Љубојна„ како завршен настан во одбележувањето на празникот на градот, не обедини доволно, и младо и старо, и Македонци, и Роми, и Власи и Турци, сите заедно играа, пееја, едноставно уживаа во гласот и музиката на овој професионален македонски етно состав. Севкупниот амбиент го надополнија и дел од угостителите и рестораните во градот, за кои ваквите настани се и повеќе од добредојдени.

На покана на градоначалникот Ивица Димитров, како организатор на овој настан, беа и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, како и градоначалниците од соседните општини.

Општина Виница

42

43

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари