Кога некој има желба да успее во некоја работа а посебно во спортот, мора да работи пеколно бидејќи мал процент е талентот, а другото е се работа.

Така го сфатил фудбалот и Давид Павлов кој летниот одмор го привршува кај роднините во населбата Оризари.

Павлов инаку е роден во Виена (Австрија) во 2004 година. Веќе три години е голман во младинската екипа „Wiener linien“ која се натпреварува во Регионалната младинска лига на Виена а тренер му е Кристиан Реснер.

Деновиве Павлов работи под надзор на тренерот кој извади голем број на голмани Лазар Балдазаров заедно со неговиот колега Стефан Ковачевиќ.

Давид за некој ден заминува за Виена каде на почетокот на месец Август му започнуваат подготовките за новата фудбалска сезона а желба му е да што поспремен биде на стартот од подготовките.

Се надева дека еден ден ќе заигра во некој пореномиран клуб а најголема желба му е како што постојано истакнува, еден ден да го облече дресот на една од Македонските Репрезентации.

Според Балдазаров се работи за талентирано и доста работливо момче кое за време на тренинзите претпладне и попладне само молчи и се што ќе му се даде задача, ја извршува со перфекција.

Не случајно е кажана крилатицата дека „Крушата, под крушата си паѓа“, бидејќи Давид Павлов е син на Гоце Павлов некогашен играч на „Осогово“ кој поради тешка повреда на коленото мораше предвреме да ја заврши својата играчка кариера.

Но, каде Гоце застана, Давид ќе продолжи, тоа е очигледно.

С. Ивановски

DSCN1363DSCN1365

DSCN1367

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари