Кирил Ковачев со Решение на „Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија“, од вчера (Вторник) е именуван за нов директор на ЈУ „Меѓуопштински центар за социјални работи“ – Кочани.

Во наредните четири години тој ќе ја извршува оваа доста одговорна функција во јавната установа.

Инаку Кирил Ковачев веќе подолг период е дипломиран економист кој во изминатиот период се докажа во реализацијата на голем број проекти од областа на економијата но беше доста успешен и како бизнис консултант.

Се чини дека по долго време се поставува вистинска личност на вистинско место.

С. Ивановски

P2210095

P2040575

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари