Големата динамика со која живееме честопати не ни дозволува да го забележиме а не пак да го видиме она што треба да го видиме.

Деновиве во очи ни падна еден нов феномен во ГТЦ кој очигледно постои не од вчера, но факт е дека не сме го забележале или не сме сакале да го видиме.

Имено над стопанските објекти во блокот „А“ од средниот кон третиот влез веќе постои природна икебана, во која „отскокнуваат“ израснатите неколку дрва од кои едно поголемо и кое на еден чуден начин успеало да се задржи и од ден на ден се повеќе да расте.

Чистењето на кровот над дуќаните е во надлежност на оние кои го користат просторот под нив но очигледно е дека сега за сега никому тоа не му смета, но што ќе се случи доколку икебаната се повеќе и повеќе се проширува, дрвата израснат поголеми а нивните корени го оштетат кровот, каква ќе биде реакцијата кога ќе почне по дождовите вода да навлегува во објектите.

Очигледно е дека сите чекаме нешто такво да се случи па потоа да почнеме да го санираме она што требало од поодамна да го завршиме.

С. Ивановски

DSCN1379

DSCN1380

DSCN1351

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари