На надморска височина од 700 метри, со сите црковни почести, започна изградбата на новата фабрика за преработка на вода за пиење, за квалитетно водоснабдување на с.Трсино со кој е предвидена изградба на нов резервоар за пиење, но и реконструкција на доводниот цевковод.

Постоечките извори од кои се зафаќа водата за домаќинствата во с.Трсино, не ги задоволуваат потребите на селото за квалитена вода за пиење, така да после дожд и особено во сушните летни периоди, водата е бактериолошки неисправна за пиење.

„Со изградбата на овој објект ќе се одвива процес на третман-преработка на вода според позитивната законска регулатива и доведување до фаза на безбедна и исправна вода за пиење која понатаму ќе се дистрибуира до вашите домови. Пречистувањето на водата ќе се одвива по следната технолошка шема: грубо филтрирање, фино филтрирање и дезинфекција, а крајниот исход ќе биде гаранција за санитарно исправна вода за пиење“, рече градоначалникот Ивица Димитров кој се обрати кон месното население.
Свое обраќање имаше и претседателот на Месната заедница на Трсино, Зоран Ристовски.
Со изградбата на новиот објект за кој инвестицијата е 10. 603 000,00 денари, средства кои општина Виница ги обезбеди од сопствениот Буџет и од Европската инвестициона Банка, значително ќе се намалат загубите на вода од изворот, а општината ќе заштеди на трошоци за поправки кои ќе се пренаменат за други приоритетни комунални услуги во селото кое брои околу 700 активни жители

Општина Виница

72

73

74
.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари