Детското игралиште кај Атомските згради e завршено и подготвено за употреба.

Според зборовите на жителите од овој дел на градот, тоа веќе се полни со деца, особено во попладневните часови. На ова, претходно запуштено парче се преместени реквизитите од детското игралиште во Градскиот парк.

Екипи на КЈП „Водовод“ работат на поставување на заштитна ограда и на детското игралиште во населбата Калиманова Глава, со која ќе се спречи непрописното паркирање на возилата во паркот и ќе се зголеми безбедноста на децата при играта.

На барање на жителите од Белското Маало, се подготвува проект за изградба на детско игралиште на површина од 88 м² и парковско уредување на површина од 430 м² .

DSC_0016 (Copy)

DSC_0008 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари