Изминатата седмица неколкупати на наша адреса пристигнуваа поплаки од жители во зградата кај „Зендолино“ на улицата „Скопска“. Како што наведуваат, во последните месец дена имаат проблеми со водомерите, односно со бројките за потрошена вода во нив. Според нивните дописи сметките за вода драстично се покачени, а некои дури посочуваат дека при добивањето на новите фактури состојбата се враќа и пред неколку месеци.

Со цел да ја дознаеме вистината, се обративме и до надлежните во комуналното претпријатие од каде добивме одговор со кој тие донекаде ја прифаќаат вината, а донекаде прстот го упатуваат кон инвеститорот на објектот.

Имено, тие воопшто не негираат дека на некои сметки се појавуваат бројки од пред неколку месеци, но како што истакнуваат тоа е грешка во нивниот систем на пресметување и тоа лесно може и да се докаже а и да се поништи, но она што и нив ги загрижува се драстичното зголемување на бројките за потрошена вода што се појавуваат на броилата за вода.

Според нив грешката е кај инвеститорот и тој треба истата да ја отстрани. Според надлежните од КЈП „Водовод“ инвеститорот треба во зградата да постави хидрофорни вентили (садови) за да има ист притисок на водата од првиот до последниот кат, бидејќи  притисокот кој треба да го има секој стан преку главната мрежа КЈП „Водовод“ го обезбедува. Инвеститорот требало да постави во зградата воздушен вентил за да во случај кога во водоводната мрежа ќе снема вода па истата по краток период повторно се испорача на корисниците токму воздушниот вентил биде тој преку кој ќе излезе воздухот а до водомерите ќе дојде само вода а не како што е сега состојбата, набиениот воздух да врше притисок во  водомерите.

Сепак од комуналното претпријатие се надеваат дека инвеститорот ќе ја увиде грешката и дека истата ќе отстрани бидејќи доколку тоа не се отстрани вакви и слични појави ќе се појавуваат и во иднина.

С. Ивановски

DSCN8508

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари