Брзата интервенција на ТППЕ – Кочани вечерва спречи пожар од поголеми размери.

Вечерва во 19:30 часот во ТППЕ – Кочани пристигната е дојава за избувнување на голем пожар во атарот помеѓу селата Теранци и Кучичино каде горела нискостеблеста шума на простор од 10 хектари.

Интервенирано е со 3 возила и 5 пожарникари кои спречиле ширење на пожарот кон лозовите насади и пониско кон овоштарниците засадени со вишни.

Благодарение на брзата интервенција пожарот е ликвидиран за два часа. Среќна околност е и што во моментот на пожарот немало ветар.

Интересно е што на овој потег пожар имало и пред неколку дена но бидејќи бил од помали размери самите селани успеале да го изгаснат.

Се претпоставува дека причина за пожарот е човечкиот фактор.

С. Ивановски

37598947_813383388851686_1881455469629800448_n37639519_813383272185031_2588178564226482176_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари