Екипата на „Чешиново“ ги заврши натпреварите на годинешните „Илинденски спортски игри – Чешиново 2018“ откако денес загуби од „Облешево“ на пенали 3:4, во натпревар кој во регуларниот дел заврши без голови.

Третиот четврт финален натпревар од кој се очекуваше добар фудбал ги разочара изненадувачки малиот број љубители на фудбалот, па во една досадна и неинтересна игра и немаше што да се види.

Единственото возбудување се случи во 10’ кога денес одличниот судија Мики Пецов оправдано досуди пенал за „Чешиново“ кој за жал на домашните навивачи Бојажиев не успеа да го претвори во гол, односно голманот на „Облешево“ го прочита неговиот удар и со сигурна интервенција ја сочува својата мрежа.

Во серијата изведување пенали облешевци сите четири удар ги претворија во погодок додека играчите на „Чешиново“ еднаш биеја покрај голот а во последниот удар ја погодија пречката.

До крајот на турнирот останува да се одигра уште еден четврт финален натпревар кој е на програмата во Среда со почеток во 18:00 часот  а во него се среќаваат: „Чифлик“ – „Крупиште“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари