Деновиве градежна механизација работи на пополнување на ударните дупки на улиците во градот и населените места.

„Досега се извршени корекции на асфалтните дефекти на улиците „Ѓорче Петров“ и „Бел камен“. Следуваат работите на „Страшо Ербапче“, „1 Мај“, „9 Мај“, „Боро Ловџија“ потоа во населбите Усова Чешма и Лесна индустрија, за што ќе бидат наменети 400.000 денари од Буџетот на Општина Кочани“ информира Влатко Димитров од Секторот за уредување на градежното земјиште.

Паралелно со овие активности, ќе се врши и бетонирање на пристапните улици, а деновиве ќе се асфалтираат и улиците во селата Мојанци, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог и Тркање.

Општина Кочани

20180724_084552

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари