По одигрувањето на натпреварот „Чифлик“ – „Крупиште“ познат е и четвртиот (последен) полуфиналист на годинешните „Илинденски Спортски Игри – Чешиново 2018).

Екипата на „Крупиште“ беше посигурна при изведувањето на пенали и славеше со 4:2 откако во регуларните деведесет минути натпреварот заврши без победник 2:2.

Така годинава од четирите полуфиналисти само екипата на „Калниште“ забележа победа во регуларниот дел, додека сите останати: „Соколарци“, „Облешево“ и „Крупиште“ пласманот го обезбедија по ударите од белата точка.

Полуфиналните натпревари се играат во Сабота и Недела со почеток во 18:00 часот, а во нив се  среќаваат:

САБОТА:  „Соколарци“ – „Крупиште“.

НЕДЕЛА:  „Калниште“ – „Облешево“

 

Финалето се игра традиционално, на најголемиот Македонски празник „Илинден“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари