На 25.07.2018 година во 15,55 часот било пријавено дека на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани се случила сообракајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Ман“ со кочански регистарски ознаки управувано од З.М.(50) од Кочани и велосипед управуван од Ј.А.(79) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој по укажаната лекарска помош во болницата во Кочани бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари