Општина Виница обезбеди 150 000 швајцарски франци за изработка на Физибилити Студија за управување со отпадните води.

Средствата се од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а студијата треба да ги испита можностите за приклучување на постоечкиот колекторски систем за отпадни води (граден во периодот 1982-1984 ) од Виница, Градец, Лески, Истибања и Јакимово со Пречистителната станица во село Мојанци, чија изградба е во завршна фаза и која има капацитет за 65 000 жители.

Во текот на денешниот ден, претставници од Швајцарската Агенција за развој и соработка и консултантската фирма „Хидро енерџи проект“, пред градоначалникот Димитров и директорот на ЈКП “Солидарност“ ја презентираа постапката по која ќе се одвива изработката на физибилити студијата.

Истражувањето и анализите на терен почнуваат од денес, а нацрт-финалниот извештај треба да биде готов до средината на ноември.

Во моментот отпадните води од општина Виница и околните населени места се испуштаат во водите на реките Брегалница и Осојница.

37798274_10157560363366729_4742688843147247616_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари