ЖФК „Кочани“ ги започнаа подготовките за новата фудбалска сезона во Првата Фудбалска Лига за жени.

На првата прозивка на тренерот Оливер Јовановски се појавија само седум играчи, додека останатите на време го оправдале своето отсуство.

„Подготовките ќе ги одработиме во три фази: на физичката подготвеност, работа со топка и по можност одигрување на што повеќе подготвителни натпревари. Засега работиме само со овие седуммина девојчиња но набргу по залечувањето на повредите очекуваме да ни се приклучат Ана Благонова и Катерина Петровиќ. Тука се и неколку млади играчи од нашиот погон а во преговори сме со неколку играчи од странство чие искуство и настапи добро ќе ни дојдат во ова првенство“ ни изјави Оливер Јовановски.

Во годинешното првенство ќе се натпреваруваат 14 екипи а првенството ќе добие на „тежина“ бидејќи од оваа година има испаѓање од лигата поради формирањето на втора фудбалска лига за жени од следното првенство.

Првиот контролен натпревар е закажан за 07 Август во кој се среќаваат „Кочани“ – „Тиверија“.

Сазега единствена која си замина од редовите на „Кочани“ е Викторија Игнатовска која во следното првенство ќе ги брани боите на „Драгон“ од Скопје.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари