Во просториите на Домот на култура во Облешево, денес точно на пладне пред голем број на роднини и пријатели, жители на село Облешево и колеги, авторот на книгата Славица Цветкова ја промовираше Монографијата „Облешево – село во општината Чешиново-Облешево“.

Промотори на монографијата беа Вера Анастасова и Иван Котев, а извадоци од истата читаа Блашка Стојкова и Јане Атанасов.

Книгата која е богата со многу статистички податоци и голем број на фотографии од подолгиот период од постоењето на селото ќе биде една убава појдовна основа за следните генерации кои ќе изразат желба да го продолжат она што го трпеливо го собираше и го стави на хартија Славица Цветкова.

С. Ивановски

DSCN1591

DSCN1599

DSCN1601

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари