Со денешната победа од 2:1 (2:1) над мошне солидната екипа на „Крупиште“, играчите на „Соколарци“ станаа првите финалисти на годинешното 46-то издание на „Илинденските спортски игри – Чешиново 2018“.

Интересен и возбудлив натпревар одиграа двете екипи во чии редови имаше неколку врвни играчи.

Соколарчани подобро го отворија резултатот, имаа и три т.н. зицери, но голманот на „Крупиште“ со бравурозни интервенции не дозволи неговата мрежа да се затресе.

Во 18’ гостинскиот голман успеа со нога да одбрани еден удар од неколку метри и да направи контра за својата екипа од која „Крупиште“ поведе.

Сепак „Соколарци“ во 28’ и 34’ на идентичен начин постигнаа два погодока што на крајот се покажаа како решавачки за влез во големото финале.

С. Ивановски

DSCN1647

DSCN1649

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари