По повод подготовките за асфалтирање на неколку улици во градот и во полските села, изградбата на потпорни ѕидови и поправките на поголемите оштетувања на улиците Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев на својот профил напиша:
„Деновиве се асфалтираат неколку улици во градот, се поправаат големите оштетувања на уличниот асфалт и се градат потпорни ѕидови како подготовка за асфалтирање на уште неколку улици во Кочани. Врнежите го одложија за неколку денови асфалтирањето на улиците во сите полски села во Кочанско, но наскоро и тие ќе бидат готови.
Уште многу инфраструктурни проблеми и потреби допрва ќе решаваме. Најсоодветно е кога вие, граѓаните на Кочани, преку вашите урбани и месни заедници ќе ни ги посочите приоритетите. Резултатите од таквата соработка имаат поголема вредност!“.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.