Драган Паунов со прекрасен удар од преку 20 метри на десет минути пред крајот на средбата му донесе победа на „Облешево“ против „Калниште“ и му закажа финале на „Соколарци“ на 46-тото издание на „Илинденски спортски игри – Чешиново 2018“.

Дождот што заврна пред почетокот на второто полу финале „Облешево“ – „Калниште“ како да ги истера гледачите па во една мирна атмосфера играчите одиграа натпревар што бргу ќе се заборави.

„Калниште“ имаше повеќе од играта но која фајда од тоа кога не успеа посериозно да го загрози голот на „Облешево“.

Единствената светла точка на овој натпревар беше евро-голот на Драган Паунов на десет минути пред крајот на средбата, се другото е за заборав.

Финалето „Соколарци“ – „Облешево“ е закажано за најголемиот Македонски празник „Илинден“, на 2-ри Август (Четврток) со почеток во 17:30 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари