Превозникот „Авто атом“ известува дека од 1 август 2018 година ќе престане да извршува сообраќај на релацијата од селото Оризари преку Усова Чешма – Бавчалук, спојот на улицата „Бел камен“ со „Страшо Ербапче“ до Лесна индустрија и обратно.

Причината за укинувањето е што оваа релација се покажала како непрофитибилна и неисплатлива за натамошно изведување.

За да го организира општинскиот линиски превоз, Општина Кочани по трет пат јавно ќе ја понуди линијата и ќе понуди предлог-решенија да ја користат и други оператори.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари