Од ден на ден кучињата скитници стануваат проблем, не од што се агресивни спрема луѓето, туку што нивниот број се повеќе расте а во доцните ноќни часови нивните меѓусебни пресметки за територијата стануваат неподносливи за граѓаните.

Оваа појава е присутна речиси насекаде во градот, а особено е забележана во централното градско подрачје.

Сликата во Градскиот Трговски Центар секој ден е речиси иста, кучињата скитници ја копаат земјата во коритата за цвеќиња каде си прават свои лежишта, полегнуваат пред фреквентните објекти, влегуваат по влезовите на околните згради и сето тоа влева страв кај населението иако како што погоре наведовме не се агресивни.

Мала утеха дека ќе се изнајде решение за кучињата скитници влева одржаната 6-та седница на Источниот Плански Регион што се одржа во Берово а на која меѓу другото се дебатираше за изнаоѓање начин како да бидат згрижени, односно третирани кучињата скитници.

Ако сакаме нешто добро да направиме и за жителите на градот а и за самите животни, е изнаоѓање средства за изградба на прифатилиште каде ќе бидат третирани кучињата скитници. Со тоа ќе се вработат и неколкумина лица а храната што се расфрла по разни основи по контејнерите, ќе се собира и ќе служи за нивна исхрана.

Ако се сака нешто со мали напори може да се направи, само е потребна желба и трпение.

С. Ивановски

DSCN8453

DSCN8454

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари