Делегации составени од претставници од Општина Кочани, Сојузот на борците од НОВ, ОУ „Никола Карев“, ОО на СДСМ – Кочани и ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и борците од НОВ го започнаа денешното чествување на голем Македонски празник „Илинден“.

Најпрвин беше положено цвеќе на „Споменикот на слободата“, а потоа и во „Паркот на Револуцијата“, пред споменикот на Никола Карев и бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов.

С. Ивановски

DSCN8629

DSCN8634

DSCN8665

DSCN8639

DSCN8647

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари