Четврта година по ред победник на „Илинденските Спортски Игри“ стана екипата која беше поуспешна по ударите од 11 метри. Годинава тоа и успеа на екипата на „Соколарци“ која беше посреќна и поконцентрирана па со конечни 5:4 го совлада „Облешево“ и дојде до победничкиот пехар, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови.

Околу две илјадната публика не може да биде задоволна од финалниот натпревар бидејќи двете екипи повеќе тактизираа а од време на време ќе се отвореа и ќе создадеа некоја прилика за гол.

Соколарци имаше повеќе шанси за гол во првото полувреме, а Облешево во второто, и на крајот се кога ќе се собере победник по изведувањето на пеналите можеше да биде било која од екипите што немаше да биде незаслужено.

Победникот беше решен во последната серија, откако последниот удар на играчот на Облешево, голманот на Соколарци Петар Лазаров со одлична интервенција успеа да го одбрани и да го донесе толку посакуваниот пехар за Соколарчани.

По завршувањето на натпреварот Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстов им ги врачи наградите на најуспешните.

Јоже Јефтимов и Гоце Иванов добија Благодарници за успешната организација на турнирот како и Полициска Станица – Кочани и Судиски актив при ОФС – Кочани.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен голманот на Соколарци Петар Лазаров, екипата на Облешево го доби пехарот за освоеното второ место и чек на 30.000,00 денари, а на капитенот на Соколарци Тоше Манев му беше врачен победничкиот пехар и чек од 60.000,00 денари.

Натпреварот помина во фер и коректна атмосфера од сите учесници на финалето а главниот судија Мики Пецов со своите помошници Игорчо Богатинов и Петар Михаилов одлично ја делеа фудбалската правда.

С. Ивановски

DSCN8671

DSCN8703

DSCN8686

DSCN8688

DSCN8713

DSCN8748

DSCN8792

DSCN8820DSCN8822

DSCN8823DSCN8826

DSCN8834

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари