На денешен ден (03.08.2008 година) на спортско Кочани му стигна една од најубавите спортски вести, велосипедистот на ВК „Електрика“ од Кочани Јоже Јованов го освои сребрениот медал на „Балканскиот велосипедски шампионат“ што од 31 Јули до 03 Август 2008 година се одржа во Битола. Ова е инаку прв медал воопшто и за Македонскиот велосипедски спорт од едно вакво поголемо натпреварување. Тогаш, пред 10 години по повод ова големо спортско остварување порталот www.komarec.com.mk објави:

Нашиот најдобар велосипедист Јоже Јованов, на Балканското првенство што се одржа во Битола, во категоријата хронометар го освои второто место и за прв пат во историјата на Македонскиот велосипедизам на Република Македонија и донесе еден доста вреден медал.

Должината на патеката изнесуваше 34 км., а истата Јованов ја помина за 44,17 минути, со 1,80 секунди заостанување зад победникот. Инаку на патеката се појавија претставници од сите земји учеснички на Балканското Првенство.

„Неизмерно сум радосен и среќен што успеав на мојата земја во пресрет на најголемиот Македонски празник „Илинден“ да и го донесам првиот медал од едно вакво големо натпреварување. Сите во нашата репрезентација се радуваа, а „Широк сокак“ во Битола беше местото каде гордо се вееше македонското знаме додека траеше прославата“ расположен ни рече Јоже Јованов.

С. Ивановски

DSCN2309DSCN2297

DSCN2341

DSCN2350

DSCN2338

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари