Ќе се избере ли конечно Претседател на ОФС – Кочани или како во изминатите шест месеци ќе се играат некакви игри се со цел Сојузот да го водат и понатака оние кои изминатите девет години таму „корени фатија“.

Деновиве од еден од кандидатите за Претседател на последното Изборно Собрание (27.01.2018 година) Љубчо Ѓорѓиевски кое знаеме како во присуство на моќници од ФФМ заврши, добивме известување кое го има доставено и до надлежните во ФФМ како и до ОФС – Кочани.

Во Известувањето испратено до ФФМ Ѓорѓиевски како еден од кандидатите за Претседател на претходното Собрание бара согласно Статутот на ФФМ и на ОФС – Кочани да се определат активности со кои ќе се планира избор на Претседател на ново Собрание на ОФС – Кочани.

Известувањето е примено во архивата на ФФМ на ден 23.07.2018 година и истото е заверено под број 0302-1720/1.

За потсетување само: На Изборното Собрание на ОФС – Кочани одржано на ден 27.01.2018 година дотогашниот активен Претседател Љупчо Папазов си поднесе неотповиклива оставка. На изборното Собрание својата кандидатура ја беа истакнале двајца кандидати, Владо Андов и Љубчо Ѓорѓиевски. Иако од присутните 26 делегати за Андов гласаа со „ЗА“ само 12 делегати а 14 беа „ПРОТИВ“ Андов на чудесен начин беше прогласен за победник на изборот и беше назначен за Претседател на ОФС – Кочани. Сепак до ден денес тој како Претседател на ОФС – Кочани уште не е заведен во Централниот Регистар.

Но тоа е веќе минато, од тој контроверзен избор поминаа повеќе од шест месеци, период во кој многу нешта се променија, што и како ќе биде понатака времето ќе покаже но сепак сега на  потег се надлежните служби во ОФС – Кочани.

С. Ивановски

DSCN9140

DSCN9144

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари