Жителите од „Атомските згради“ реагираат и бараат од надлежните во КЈП „Водовод“ да отидат да го соберат сметот бидејќи како што нагласуваат по овие високи температури од сметот кој не е собран неколку денови се шири непријатна миризба која не им дозволува отворање на прозорците за да ги проветруваат просториите а не можат ниту да излезат и да се задржат подолг период пред зградата.

Како што истакнуваат искрено се надеваат дека првиот работен ден од новата седмица непријатната миризба за нив ќе стане минато.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари