Дивите сечачи на шумата и „Боровиот четник“ се двете најголеми опасности доколку не се изнајде решение да бидат решавачки околу Кочани да се изгуби зелениот појас.

Ако дивите сечачи на шумата ретко се откриваат и по разни основи речиси и да не ги фаќа законот, тогаш за болеста наречена „Боров четник“ мора да се изнајде решение како да се уништи со цел да се спасат боровите насади. „Боровиот четник“ најпрвин ги напаѓа младите гранки а потоа постепено се шири се додека целосно не го уништи стеблото.

При секое патување кон „Пониква“ лесно може да се забележи до каде стигнал „Боровиот четник“.

Според информациите од надлежните во ЈП „Македонски шуми“ – подружница ШС „Осогово“ – Кочани, минатите години се доведуваа стручни лица за да се изнајде решение за решавање на овој проблем, но до ден денес никој не најде лек против оваа наезда. Од подружница ШС „Осогово“ – Кочани неодамна информираа дека авионско третирање против „Боровиот четник“ имало пред осум години но и тоа не ги дало посакуваните резултати.

На 5-тата седница на Советот на Општина Кочани се дебатираше токму на оваа тема, но се чини дека решение повторно не се изнајде.

А не дека нема, лекот сигурно го има за оваа болест.

Ако не можат да помогнат средствата за прскање, тогаш поучени од искуствата во другите општини каде се има постигнато големи резултати, една акција со голем број на луѓе сигурно е дека ако не сосема барем на поголемиот дел од зафатената површина ќе се уништи оваа болест.

Крајно време е да ја спасиме природата.

С. Ивановски

P3570620

P3570618

P3570615

P1690599

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари