По три децении поминати на зелените терени Драганчо Димитровски – Џајка реши да се повлече од фудбалот бидејќи како што нагласи воопшто не е задоволен од моменталните случувања во како во Македонскиот фудбал, така и во ОФС – Кочани.

Димитровски долги години ја делеше фудбалската правда, а потоа ја извршуваше функцијата делегат и контролор на фудбалските терени.

„Преку глава ми е од сето она што се случува во и околу фудбалот н само во Македонија, туку и во Кочани. Решив да се повлечам и моето место да им го отстапам на помладите кои уште мислат дека фудбалот е она што беше некогаш. Чесно ја делев фудбалската правда додека судев, а чесно ги извршував и делегатските и контролорските задачи кои ги имав. Ќе побарам и писмено од надлежните во ОФС – Кочани од оваа сезона моето име да не се најде на листата на контролори. Ако е за аир, доста е“ рече Драганчо Димитровски додека го пиевме понеделничкото кафе.

Зад Димитровски остануваат голем број на натпревари на кои ќе се сеќава  додека е жив, но сигурно и дека ќе ги пренесува на неговите наследници кои се на пат.

С. Ивановски

P2410294

DSCN8598

DSCN8655

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари