Првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Кочани го користат седумдневниот одмор во Паг, Република Хрватска. Ова е награда од Општина Кочани и градоначалникот Николчо Илијев за успесите постигнати во школувањето.

Летувањето на хрватскиот остров Паг е резултат на повеќегодишната соработка на збратимените општини Кочани и Крижевци.

„Поаѓајќи од идејата дека контактите и зближувањето на луѓето од двете општини е најважно за одржување на соработката, веќе трета година се реализира идејата за летување на кочанските ученици во Паг и зимување на крижевски ученици на Пониква. Настојуваме овие пријателски општини да ја продлабочуваат соработката во сите сфери од живеењето, во делот на развој на бизнисот на мали и средни претпријатија, образованието, културата“ вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Покрај вообичаените летни активности, учениците посетуваат познати локации, културни-уметнички институции и настани. Во нивна придружба се Марија Ѓорѓиева од Општина Кочани и Дивна Јанушева, наставничка од ОУ „Раде Кратовче“.

Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од Општината добија и по 6 000 денари.

Pag 2 (Copy)

Pag 4 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари