Завршија градежните активности за асфалтирање улици во селата Прибачево, Мојанци, Грдовци, Долни Подлог, Горни Подлог и Тркање.

Новоасфалтираните улици се со должина од 100 до 190 метри и сите се со ширина од 3 м, со веќе изведена водоводна и фекална канализација. Работите ги изведуваше градежната фирма „Коп инженеринг“ од Студеничани.

За изградбата на овие улици се наменија 2 милиона 672 илјади денари од Буџетот на Општина Кочани.

Со постојана комуникација со месните заедници, стручните служби од Општината ги следат потребите од инфраструктурни зафати и во другите населени места. Од Секторот за уредување на градежното земјиште во Општина Кочани известуваат дека на улици каде што не може да влезе механизација за асфалтирање, како што е случајот со селото Бели, ќе се врши бетонирање на улиците. Во ридско планинските села, поради честите врнежи од дожд во изминатиов период, се врши редовно пробивање и прочистување на патиштата.

Покрај тековните градежни работи на два крака на улиците „Стамен Манов“ и на „Вера Которка“, наскоро се очекува да започне асфалтирањето на улицата „Новопроектирана 1“ и реконструкцијата на дел од улицата „Јени Фоча“, и двете во Лесна индустрија.

Во фаза на подготовка на тендерската документација е и изградбата на улицата „Кресненско востание“.

52

53

54

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари