Во рамките на проектот „Две и пол минути до полноќ“ финансиран од ЕРАЗМУС+ програмата, се одржа втората обука од 26.06 до 30.06.2018 година во Пештера – Република Бугарија.

Во рамките на втората обука се одржаа предвидените активности за обука на наставниците за експериментални пристапи за имплементација на прашања поврзани со климатските промени за училишните предмети на STEM , развој на практични експериментални задачи за учениците поврзани со прашања за климатски промени за период на тестирање и настанот за долгорочно учење за мешани тимови на наставниците со согласност со нивниот предмет на STEM, подготовка на насоки за реализација на училишните часовите со теоретски и практични задачи поврзани со климатските промени како и презентација на подготвените упатства . Исто така во рамките на оваа обука посебна група составена од претставници од Општина Лудбрег, Општина Пештера, КЈП „Водовод“ Кочани, Регионална Агенција за Енергетика север од Копривница (Хрватска), Регионалната Агенција за Енергетика од Пазарџик (Бугарија ) и Македонската Геотермална асоцијација, како и претставници на менаџментот на трите основни училишта изработуват документ за стратешко партнерство во кој проектните парнери ќе разработат Акционен план за меѓусебна соработка во унапредување на образовните актвиности, како и презентација на содржината на документот за стратешко пратнерство, дискусија како и негово прифаќање .

Во рамките на третиот тренинг од 24.07 до 28.07.2018 година која се одржа во Лудбрег – Република Хрватска се одржаа повеќе активности. Една од обуките беше воспоставување на e Twinning мрежа помеѓу наставниците. Во рамките на обуката се одржа и презентација за важноста во искористувањето на обновливите извори на енергија и нивно имплементирање во едукационите процеси во согласност со возраста на учениците и нивна практична примена со помош на онлајн едукативни алатки. Друга активност во рамките на тренингот беше презентирање на влијанијата на климатските промени врз обновливите извори на енергија посебно важноста на менаџирање со цврст отпад и водените ресурси. Практична примена на обновливите извори на енергија беа презентирани во зградата на Универзитетот Север од Копривница. Како дел од активностите предвидени во третиот тренинг беше и изработка на документот за стратешко партнерство.

Исто така во рамките на обуките се воспостави задача за идниот натпревар помеѓу тимовите на ученици од трите земји партнери на тема: „Како да го намалиме Нашиот јаглероден отпечаток“.

20180726_10522920180726_105358

20180727_101010

20180727_101036

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари