На денешната прес конференција, директорот на „Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија“ Зоран Атанасов информираше дека при реализација на Програмата за мониторирање на безбедноста на храна во Република Македонија, „Агенцијата за храна и ветеринарство“ открила две пратки со производи позитивни на ГМО.

Првата позитивна пратка на ГМО е ориз во количина од 550 килограми и е по потекло од Кочанско а е произведен од увозен семенски материјал. Мострите се земени од магацин на операторот со храна а количините кои воопшто не биле пуштени во промет ќе бидат сосема уништени.

Според Атанасов „Агенцијата за храна и ветеринарство“ во соработка со „Министерството за земјоделство, шумарство, и водостопанство“ за годинешната реколта ќе го утврдува потеклото на оризовиот семенски материјал кај кој е утврдено присуство на ГМО, односно ќе биде проверувано колкави количини се увезени како и кои сорти на ориз и од кои земји.

Втората позитивна пратка на ГМО се шницли и презли од соја со вкупна тежина од 510 килограми.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари