Деновиве сме сведоци на постојани информации за градежна експанзија кога е во прашање асфалтирање на повеќе улици во Ромско маало.

Освен Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев заслуга за оваа градежна експанзија секако има и Аксел Ахмедовски – Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за ромски прашања во Владата на Република Македонија.

Но освен изградбата на улиците пожелно е при следната посета Министерот Ахмедовски да поразговара како со надлежните во општината, така и со претставниците на Ромите околу екологијата во Ромското маало.

Имено изминатите неколку месеци иако постојано се чисти депонијата над фабриката за вода, на овој потег и понатака се исфрла смет иако делот се води како заштитена зона. Иронијата да биде поголема сега сметот почна масовно да се исфрла и на просторот пред фабриката за вода што дава една грда слика но и загриженост кај поголемиот дел од населението за несаканите последици што можат да произлезат од фрлениот смет.

Ако кај надлежните постои расположение ромите да ги имаат сите нормални услови за живеење во 21-виот век, ако кај Градоначалникот постои желба да ги дислоцира диво населените ромски семејства од „Старата касарна“ и да им  обезбеди домови на нова локација, тогаш треба и другите структури да се заложат за да ги информираат дека натрупувањето на смет во заштитената зона околу фабриката за вода е штетно по здравјето за целото население.

Искрено знаејќи ја досегашната добра соработка на Министерот Ахмедовски со општинските структури и неговото големо влијание кај ромското население се надеваме дека и овој проблем заеднички мошне бргу ќе биде решен.

С. Ивановски

DSCN8843

DSCN8845

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари