Ќе започне ли воопшто натпреварувањето во Трета Лига – Исток или поради малиот број на клубови истото ќе биде довадено во прашање?

Дека постојат реални шанси да се постави ова прашање се потврди минатата седмица кога на закажаниот состанок во Кочани на екипите од Трета Лига – Исток присуствува само 4 претставника: „Осогово“ (Кочани), „Слога 1934“ (Виница), „Брегалница Сениори“ (Делчево) и „Работник“ (Лозово).

Дека и на состанокот не било се како што треба потврдуваат информациите од Делчево дека од „Брегалница Сениори“ се барало да ја плати котизацијата за пролетниот дел од првенството што како долг останало од „Брегалница Голак“ инаку без разлика што се работи за друг субјект, односно друг клуб кој доколку не постапи по нивното барање и неговиот настап би бил доведен во прашање.

Кај кого е сега вината за оваа состојба може само да погодуваме, но факт е дека некој дозволил да се играат натпреварите во пролетниот дел од првенството иако сите екипите учесници ги немале до крај регулирано своите обврски.

Токму неисплатените котизации од страна на сите клубови на кои им било дозволено да се натпреваруваат допринесе службените лица уште да ги немаат добиено своите такси за последните четири кола.

Некој мора да понесе вина за сето ова што се случува во Третата Лига – Исток или како и пред две години ќе се чека седиштето да се префрли во друг општинско Сојуз и исплата на обврските од таа причина да се заборави.

На потег се екипите што ја платиле котизацијата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари