Жителите на улиците “Рајко Жинзифов“, “Јане Сандански“, “Видое Смилески Бато“ и “4-та Македонска Бригада“ деновиве конечно начекаа асфалт.

ОпштинаВиница издвои преку 10 милиони денари средства од сопствениот Буџет за заокружување на оваа прва фаза во асфалтирање улици во градот и населените места.

Покрај асфалт, во тек е и реконструкција на најфреквентната улица во градот, улицата “Илинденска“ во вкупна должина од 400 метри, а ќе се реконструираат и 300 метри од улицата “Братство и единство“.
Според градоначалникот Ивица Димитров, со овој тендер планирано е асфалтирање на 2800 метри, од кои 1600 метри само во градот, а останатите 1200 метри се планирани во населените места: Трстија, Блатец, Јакимово, Лески и Градец.

Според најавите, овој градежен зафат ќе се заокружи до средината на септември.

5253

5455

56

57

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари