Поради тешката сообраќајна несреќа што се случи денес околу 16:40 часот на Магистралниот пат Штип – Кочани помеѓу селата Чешиново и Облешево сообраќајот е во прекин.

Како што дознаваме во сообраќајната несреќа учествувале ПМВ „Сеад Алтеа“ и Комбе.

Во несреќата три лица се повредени од кои едното кое поради сериозноста на повредите е префрлено во Штипската болница, а додека останатите двајца се полесно повредени.

Се испитуваат причините за несреќата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари