Во организација на Општина Кочани а со поддршка од Канцеларијата на „Фридрих Еберт“ во Скопје, вечерва во рамките на „Freedom music festifal“ на „Споменикот на слободата“ во Кочани  се одржа Форум на тема: „Младински перспективи за локален развој“.

По двочасовна дискусија со младите од Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев рече: „Вечерва, на Споменикот на слободата, со младите од Кочани и со експерти во младинските политики на национално и регионално ниво, разговаравме за младинските перспективи за локален развој. Младинска иницијата е неопходна, а локалната власт е овде да одговори на потребите на младите. И нашите и искуствата на младите покажуваат дека примената на европските вредности, поттикнувањето на натпреварувачкиот дух кај младите и конкуренцијата ќе ги подобрат условите во нашата локална средина. Младите се гласни кога е во прашање пристапувањето на Македонија во Европската Унија. Заклучивме дека членството на Република Македонија во ЕУ ќе создаде можности на младите луѓе во Кочани не само во поглед на образованието и вработувањето, туку и во културниот и социјалниот живот, во развојот на демократските процеси на локално ниво. Патот е долг и тежок, но е извесен“.

С. Ивановски

39344526_312191679329443_7835064587597643776_n

39453882_312191839329427_4583537193611427840_n

39453894_312191882662756_7826460041526902784_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари