По повод јубилејот, десет години постоење ТВ Кочани ЛД денес во просториите на телевизијата сопствениците на медиумот организираа дружење со колегите од другите медиуми во општината како и со роднини и некогашни вработени во телевизијата.

Киро Герасимов потсети на воведувањето на телевизијата како медиум во општината чиј почеток беше во периодот на транзицијата 1992 година а потоа се задржа и на почетоците на работењето на денешната ТВ Кочани ЛД.

Лазо Димитров ги дувна свеќичките на тортата за десетте години постоење на медиумот а потоа присутните со добро мезе и по некоја капка отворија повеќе теми за дебатирање.

С. Ивановски

DSCN8930

DSCN8919

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари