Денес стартуваа натпреварите во двете втори фудбалски лиги.

Во првото коло во источната втора лига за одбележување е силниот старт на „Брегалница“ во Неготино, првата второлигашка победа на дебитантот „Кит Го Пехчево“ но и изненадувачкиот пораз на „Каменица Саса“ како домаќин иако „рударите“ имаа сигурно водство од 2:0. Во Кавадарци победник немаше, а фаворитот „Борец“ се намачи против дебитантот „Детонит Јуниор“.

Резултати од првото коло во Втора Лига Исток:

„Каменица Саса“ – „Партизан“  2:3

„Кит Го Пехчево“ – „Плачковица“  1:0

„Вардар“ (Н) – „Брегалница“ (Шт)  1:4

„Детонит Јуниор“ – „Борец“  0:1

„Тиквеш“ – „Кожув“  0:0

Во западната втора лига три средби  завршија без победник, на една славеше гостинот, додека еден натпревар е закажан за во Недела.

Дерби натпреварот во Скопје на минатогодишните прволигаши „Скопје“ и „Пелистер“ заврши без голови, а „Гостивар“ како гостин го изненади „Кораб“.

Резултати од првото коло во Втората Лига Запад:

„Скопје“ – „Пелистер“  0:0

„Кораб“ – „Гостивар“  0:2

„Генч камерлер Спорт“ – „Тетекс“  1:1

„Гоблен“ – „Струга Трим Љум“  1:1

„Лабуништа“ – „Влазерими“  (во недела)

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари