Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Општина Кочани на сите верници од исламската вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам и им посакувам многу здравје, успех и среќа.
Вашите успеси како дел од нашето мултикултурно општество, придонесуваат во остварувањето на заедничката цел – успешна и просперитетна општина.
Во духот на толеранцијата, солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување, повикувам да градиме поубава иднина за нашата општина и за сите нејзини граѓани.
Испраќајќи Ви најискрени честитки, посакувам празничните денови да Ви бидат исполнети со многу љубов, радост и духовен мир.
Николчо Илијев,
Градоначалник на Општина Кочани
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.