Кочани ќе биде првиот град во државава каде ќе стартува мултисекторски проект од социјално-здравствен карактер. Заеднички тимови на Министерството за здравство и на Министерството за труд и социјална политика ќе бидат на терен за да ја подобрат патронажната служба и домашната посета во руралните средини.

Ова беше соопштено по денешната средба на министрите за здравство и за труд и социјала, Венко Филипче и Мила Царовска со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

„Моделот којшто сакаме да го имплементираме ќе овозможи здравствена заштита за граѓаните во руралните средини каде што воопшто нема здравствени работници, ниту пак гледаме дека има некој заинтересиран да работи таков тип здравствена заштита во тие средини. Станува збор за мобилни патронажни сервиси, сервиси на домашната посета, докажан модел од развиените земји којшто го олеснува и го подобрува пристапот кон здравствена заштита за граѓаните коишто немаат апсолутно никаква форма на здравствена заштита и затоа се приморани или да дојдат до другите места или да одат во регионалните центри. Сметаме дека овој модел којшто како пилот ќе го имплементираме тука, во Кочани ќе го применуваме понатаму во целата наша држава“ соопшти од Кочани министерот за здравство, Венко Филипче.

На средбата е разговарано и за воведување на моделот на мобилна аптека, а со директорот на кочанската здравствена установа д-р Александар Серафимов се разгледувани потребите од дополнување на медицинска опрема, врз основа на што ќе се воведат и нови методи што ќе им бидат достапни на сите граѓани на овој регион.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска најави дека наскоро треба да се отвори Центарот за ран детски развој во Кочани и Информативната канцеларија на Центарот за социјални работи.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев во неколку наврати покажа интерес за поддршка на здравството, организирајќи повеќе донации за кочанската болница: 280 медицински униформи, камион со медицински помагала, опрема и апарати. Илијев за медиумите нагласи дека морална должност на локалната самоуправа е да се грижи за подобрување на состојбите во здравството, за што се прават континуирани напори.

DSC_0016 (Copy)

DSC_0027 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари