Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја посети новоотворената градинка во општина Зрновци.

Од Министерството за опремување на градинката „Бисерчиња“, која има капацитет за 60 деца, издвоени се над 1,4 милиони денари, а парите за изградбата на објектот ги обезбеди општината преку ИПА фондовите на Евопската Унија.

Големо олеснување за родителите е отворањето на детска установа во Зрновци,  бидејќи досега ги носеа своите деца во градинката во Кочани, велат вработените.

Во моментов во градинката во Зрновци има 40 дечиња, а наскоро ќе биде отворена и нова група за 20 дечиња.

Царовска на крајот од посетата посочи дека целта на владата е континуирано да ги зголемуваат просторните капацитети на детските градинки во земјава, но и да го подобрат квалитетот на програмите и да се вклучат што поголем број деца кои досега немале можност да посетуваат градинка.

До крајот на годината е предвидено на територијата на целата држава да се отворат уште 11 нови објекти со што сумата за изградба, адаптација и опремување на градинки за периодот од јуни 2017 заклучно со декември 2018 година, ќе изнесува 71 милион денари.

42

43

46

47

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари