И додека нивните колеги судии ги делегираат во новата фудбалска сезона (Прва, двете втори лиги и Куп натпревари) а некои речиси судат веќе и по двапати, судиите при Судискиот актив на ОФС Кочани се трудат да изнајдат начин како да го сменат досегашниот Претседател на Судиската организација Сашко Ангелов а на негово место да постават нов иако и тие не знаат кој.

Му замеруваат дека тој го форсирал неговиот син а дека тие биле запоставени, иако и врапците знаат дека поголемиот број од нив напреднаа токму во последните 10 години.

Денес на страницата на ФФМ излезе делегирањето на службените лица кои ќе бидат дел од 16 финалните натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија. Од Кочани конкретно ниту едно службено лице нема да излезе на зелениот терен со исклучок на Зоран Васевски кој е член на ОФС Кочани и доаѓа од Виница а утре ќе ја извршува функцијата делегат.

За сметка на кочанчани штипјани мангупски покрија поголем дел од натпреварите. Од ОФС Штип делегиран е еден главен судија, тројца помошници, двајца судии ќе ја извршуваат функцијата – четврти судија, еден делегат и двајца контролори. Тоа е за Куп натпреварите, Штипјани покажаа единство и верба на оној од ОФС Штип кој ги штити нивните права, а не како кочанските судии, поради немањето единство нема на кого да веруваат и не знаат која страна да ја фатат кога покани за состанок добиваат од лицето задолжено за натпреварите во Трета Лига – Исток.

За нас многу и не е важно како ќе се одвиваат работите, но за нив е важно и тоа многу. Цело лето им помина а тие уште не се одлучија дали ќе го вратат Јордан Гицов  (за кого зборуваат дека им ја средил организацијата додека бил на чело на активот),  дали ќе го именуваат Атанас Кушевски (кој подолг период има желба за оваа функција), дали довербата ќе му ја дадат на најмладиот од сите овие, на Драган Јаневски.

Неодамна во неврзан разговор од самиот актуелен Претседател на Судискиот актив при ОФС Кочани Сашко Ангелов дознавме дека тој е спремен да ја напушти функцијата само чека се да биде законски, најпрвин да се изврши изборот на Претседател во ОФС Кочани па потоа тој и официјално да го објави своето повлекување.

И така, додека кочанските судии „поставуваат“ и „менуваат“ претседател на Судискиот актив при ОФС Кочани, нивните колеги продолжуваат да ја делат фудбалската правда на зелениот терен.

Кој како си ја наредил и како ја разбира работата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари