Во Македонија се употребуваат повеќе од милијарда пластични кеси годишно.

Штетните состојки од нив трајно ги уништуваат природните ресурси и остануваат во храната која ја јадеме, како и во водата и воздухот.

Податоците велат дека една кеса се користи во просек 12 минути а се разгредува во следните 1000 години.

Здружението „Павел Шатев“ и „ЕВЕЦ“ во соработка со текстилните фабрики „Алма“, „Алекс“, „Делта текс“ од Кочани и „Јајамезлер“ од Штип и овој пат реализира доста креативна акција од голем интерес се со цел за намалување на употребата на пластичните кеси.

Нашите интернационални волонтери, заедно со локалните волонтери сошија над 500 торби од материјалот дониран од текстилните фабрики и тие веќе денес се поделија на  локалното население на одредени пунктови во градот.

Нашата организација, традиционално организира и акција за чистење на крајбрежјето на езерото на брана „Градче“ со помош на СРЗЕК „Кочански рибар“ па по тој повод ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат утре (Четврток) во 11:00 часот пред стариот мотел по што ќе се упатиме кон местото за чистење.

Здружение:

„Павел Шатев“ – Кочани

39930131_1146518068843789_3777952838148161536_n

39880731_284095592179292_6877755908198236160_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари