Во рамките на 1/16 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија, денес по доста топло и спарно време во Кочани натпревар одиграа екипите на „Осогово“ и „Пелистер“ од Битола.

Во натпревар на две просечни екипи кој не го задоволи вкусот на петстотините гледачи битолчани среќно стигнаа до победата со голот на Благојче Главевски во 70’.

Освен случајниот погодок на гостите и шансата на Паунов во судиското продолжение единствено за одбележување на овој натпревар е тешката повреда на младиот Благојче Марковски кој во 22’ по едно незгодно паѓање доби изместување на левото раме, но по укажаната лекарска помош во Општа болница – Кочани истиот е пуштен на домашно лекување.

Резултати од 1/16 финалните натпревари:

„Осогово“ – „Пелистер“  0:1

„Кит Го Пехчево“ – „Шкупи“  2:0

„Кораб“ – „Борец“  1:0

„Влазерими“ – „Беласица“  0:4

„Вардар“ (Неготино) – „Скопје“  1:3

„Фортуна“ – „Работнички“  0:6

„Лабуништа“ – „Академија Пандев“  1:3

„Поешево“ – „Брегалница“ (Шт)  0:8

„Вардари Форино“ – „Вардар“ (СК)  0:4

„Тетекс“ – „Гостивар“  1:1  (3:4 на пенали)

„Братство Влазними“ – „Силекс“  0:7

„Тиквеш“ – „Ренова“  2:1

„Превалец“ – „Македонија ЃП“  0:2

Останатите натпревари се закажани за други термини.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари