Во Саботи ќе биде подигната завесата на новото првенство во Првата Фудбалска Лига за жени.

Четиринаесет екипи меѓу кои и дебитантите „Прилеп“ (Прилеп), „Плачковица“ (Радовиш) и „Љуботен“ (Тетово) ќе се натпреваруваат за бодовите во натпреварувачката 2018/2019 година.

Жрепката сакаше подмладената екипа на ЖФК „Кочани“ да биде домаќин во првото коло. „Жетварките“ во Сабота со почеток во 17:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ ќе ја пречекаат екипата на „Речица“.

Двојки од првото коло во Првата Фудбалска Лига за жени:

„Кочани“ – „Речица“

„Плачковица“ – „Каменица Саса“

„Прилеп“ – „Тиверија“

„Ас Јунајтед“ – „Топ Гол“

„Борец“ – „Драгон“

„Тетекс“ – „Љуботен“

„Атлетико“ – „СЦ Истатов“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари